Откако британската пејачка Адел (32) ослабе 45 килограми, нејзината имитаторка, Марија Хериот, ќе оди на операција за слабеење. Таа во една емисија објави дека мора да ги оперира нозете и стомакот за пак да личи на познатата пејачка. За ова, таа ќе потроши околу 12.000 евра, пари што ги зела како кредит од банка.
„Кога Адел ослабе, почнав да ја губам работата. Луѓето сега ми велат дека личам на дебелата Адел, а клубовите веќе не ме ангажираат. Сега морам да ослабам 50 килограми. Тоа не е лесна опција, но се надевам дека ќе биде решение за мојот проблем. Зедов голем заем за трошоци, но убедена сум дека свирките ќе ги покријат повеќето рати“, рекла Марија.
Имитаторката на Адел ќе се оперира следниот месец.
За потсетување, Адел за неколку месеци ослабе 45 килограми. Нејзиниот тренер, Пит Герасимо, тогаш рече дека причина за слабеењето е здравјето на пејачката, а не тоа што во јавноста го критикувале нејзиниот изглед.