(Фото) Кучето на Буш лежи покрај ковчегот на починатиот претседател

By

Џим Мекграт портпаролот на Џорџ Буш постариот објавил фотографија од кучето Сали, златниот лабрадор на починатиот претседател.  Тој беше снимен како лежи покрај ковчегот оддавајќи му ја последната почит на неговиот поранешен стопан по повод националниот ден на жалост.

Ковчегот со посмртните останки на Буш ќе биде префрлен со претседателскиот авион Ер форс уан, кој специјално за оваа прилика е преименуван во Спешл ер мишн 41 и ќе биде вратен во Тексас в среда, a Сали цело време ќе биде покрај него.

Буш го примил Сали во јуни од американската VetDogs непрофитна организација. Сали му бил од огромна помош на поранешниот претседател, носејќи му некои работи кои поранешниот претседател не можел да ги дофати.

Телевизиската куќа КTRK од Хјустон, пренесува дека Сали сега ќе биде вратен во организацијата VetDogs во Њујорк, пред да се приклучи во програмата за кучиња во националниот воен медицински центар.

41. претседател на Америка, кој пател од Паркинсонова болест, починал во неговиот дом во Хјустон во петокот, на 94. годишна возраст. Јавноста ќе има можност да се прости од нивниот поранешен претседател на неколку јавни и приватни настани во Хјустон и Вашигтон, пред да биде погребан во четврток во Тексас.

 

Former Republican President George H.W. Bush, left, and former President Bill Clinton, visiting Bush, pose for a photo with Sully, a yellow Labrador retriever who’ll be Bush’s first service dog at his home in Kennebunkport, Maine, Monday, June 25, 2018. The 94-year-old and his new companion got acquainted Monday at the Bush family compound on the coast of Maine. (Evan F. Sisley/Office of George Bush via AP)

Ќе ви се допадне