(Фото) Најдобрите фотографии на Земјата снимени од вселената во 2020 година

НАСА ги објави 20-те најдобри фотографии снимени во 2020 година од астронаутите кои живеат во Меѓународната вселенска станица (ИСС).

Од Американската вселенска агенција во ноември прославија 20 годишнина од континуираното присуство на човекот во вселената. За време од две децении, во станицата престојувале 242 луѓе и биле спроведени повеќе од 3.000 научни експерименти.

„Мажите и жените кои живеат во ИСС прават илјадници фотографии од својата матична планета секоја година и побаравме од нашите колеги од вселенскиот центар ‘Кенеди‘ да ги изберат нивните омилени од 2020“, соопшти НАСА.

Погледнете некои од нив:

Архипелагот Кергелен
Облаци над Сахара
Месечината изгрева над Атлантски Океан
Нов Зеланд
Поплави долж Нил во Судан
Гребени покрај Нова Каледонија
Западна Австралија
Париз ноќе
Корзика и Сардинија
Scroll to Top