(Фото) Најубавото девојче на светот стигна до милион ипол фанови

Анастасија Књазева која пред две години беше прогласена за најубаво девојче на светот, во моментов ја следат околу 1,5. милиони фанови на социјалните мрежи.

Нејзината кариера тргнала во нагорна линија уште на пет години. Во 2016 година од тронот за најубаво девојче ја симна Русинката Кристина Праменова. До ден денес ја носи најпосакуваната титула.

Девојчето со сини очи е заштитно лице на голем број компании. Сите кои работеле со неа, тврдат дека таа е многу природна пред камерите. Позира како да има 25. години. Нејзините соработници велат дека Анастасија додека растела добила црти кои навестуваат дека ќе израсне во вистинска убавица.

Велат дека поради нејзината природна убавина, на фотографиите изгледа како кукла. Нејзината мајка секојдневно објавува нови фотографии од нејзиниот Инстаграм профил, а со секоја слика Анастасија добива над стотина позитивни коментари.

Покрај успешната кариера како модел, Анастасија е ѝ музички талентирана. Таа пее ѝ свири клавир. Многумина ја нарекуваат и чудо од дете.

Scroll to Top