Германија од среда влегува во строг локдаун зарди зголемениот број на заразени со корона. Се предвидува затворање на речиси сите продавници, освен најосновните, од 16 декември до 10 јануари, а ќе се воведат и строги рестрикции за училиштата и градинките.
Покраините се согласија на делумно затворање на почетокот на ноември и сите кафулиња и ресторани беа затворени, но продавниците и училиштата останаа отворени.
Но, овие мерки не ги дадоа посакуваните резултати и Германија регистрираше нови рекорди во заразени. „Нашето општество мора да се подготви за тврд локдаун и како се одвиваат работите, тоа ќе биде пред Божик.“, кажа вчера Винфрид Кречман, премиер на покраината Баден-Виртемберг.