Германците имаат подобар секс во време на пандемија

Според германските истражувачи, луѓето во Германија имаат подобар секс благодарение на пандемијата на Ковид-19. Мнозинството учесници во спроведената анкета објасниле дека имаа подобрување на врската во периодот минат во карантин.

16% од испитаниците откриле дека врската им е подобрена, а дури 72% посочиле дека не им е влошена, во анкетата спроведена од Универзитетот во Мерзебург.

Хајнц-Јирген Вос, кој го водел истражувањето, открил дека само 12% од луѓето откриле дека врската им била влошена од пред почетокот на пандемијата.

Вос, кој е профеосор по сексологија и сексуално образование, објаснил дека од анкетираните жени, 30% од нив изјавиле дека имаат подобрување во врската, 58% изјавиле дека ситуацијата е непроменета, а 12% дека се влошила.

Институтот за истражување на сексот при Универзитетскиот медицински центар „Хамбург-Епендорф“ има дојдено до слични резултати.

„Половина од испитаниците не искусиле никаква промена во нивниот сексуален однос со партнерот. Од половината која забележала некакви промени, повеќето зборуваа дека тие се позитивни”, изјави Јохана Шредер, која го водеше германскиот дел од истражувањето.

Во студијата учествуваа и Турција, Хрватска, Португалија, Шведска, Холандија, Франција и Чешка.

„Во основа, луѓето имаат повеќе секс во овој период на затвореност. Очекуваме над 50 отсто од двојките да имаат подобро сексуално искуство. Во време на криза, романтичните и сексуални врски генерално се интензивираат. Љубовта и сексуалноста се еден од начините да се добие чувство на сигурност“, објасни берлинскиот психотерапевт Волфганг Кригер.

Scroll to Top