Глумицата Галин Горџ, позната по улогите во „Робокап 2“, „Твин Пикс“ и „Принцот од Бел Ер“, почина од рак, еден ден пред нејзиниот 56. роденден.
„Галин последниве девет месеци ја чуваше својата борба со ракот во тесен круг на семејството и пријателите. Покрај сè, остана позитивна и продолжи да ужива во животот на Хаваи. Таа го сакаше океанот и беше неверојатна танчарка, како и талентирана актерка“, соопшти Шила Легет, претставничка за односи со јавност на Горџ.
Горџ е родена во Лос Анџелес, а освен со актерство се занимавала и со продукција и танц. Во последниве неколку години таа се појави во ТВ-сериите „Паркови и рекреација“ и „Како да се извлечеш со убиство“. Неодамна го заврши снимањето на филмот „Кампот на Телер“.