„Ејч-би-о макс“ ќе прави анимирана серија „Игра на тронови“

Стриминг-платформата „Ејч-би-о макс“ планира да направи анимирана серија базирана на „Игра на тронови“, објави „Холивуд репортер“. Директорите на „Ејч-би-о макс“ и сопственикот на „Ворнер медија“ веќе имале неколку состаноци со писатели што би го напишале сценариото за анимираната драмска серија наменета за возрасната публика.

Хит-серијата „Игра на тронови“, која беше работена според романите на Џорџ Р. Р. Мартин, беше една од најгледаните изминативе години. Таа освои и 12 награди „Еми“ вклучувајќи ја и главната награда за најдобра драмска серија.

Scroll to Top