Хороскоп за 9 декември: Шкорпијата е спремна за промени, Водолијата ќе донесе важна одлука

ОВЕН
Вашата мирна ментална состојба може да биде прекината поради нечија недоверба. Ќе бидете испрашувани и ќе треба да ја кажете вистината. На професионален план се чувствувате како да се наоѓате во арена и постојано се натпреварувате со другите. Некој ваш близок ќе открие некој ваш план.

БИК
Сега е вистинско време за да преземете смели чекори, немојте да се двоумите и да се плашите. Преземањето акција е клучно и пред вас ќе отвори нови можности. Среќата е на ваша страна и треба да го искористите добро овој период. Исто така, треба да се преиспитате себеси за старите врски.

БЛИЗНАЦИ
Постои тензија во врската со некоја личност во вашиот живот и тоа набргу може да излезе од контрола. Треба да ја слушнете и другата страна на приказната. Немојте да дозволувате да бидете потчинети на другите. Ќе морате да донесете некоја важна одлука, ќе треба да дејствувате корисно.

РАК
Ќе работите напорно и резултатите ќе се исплатат. Сега не е вистинско време за одмор, ниту за опуштање. Денот ќе ви донесе доста неисполнети обврски, кои ќе мора да бидат завршени во најкраток можен рок. Вашата смисла за хумор секогаш ги расположува другите.

ЛАВ
Пред вас се отвора нов пат на кој можеби ќе ги доживеете највозбудливите нешта досега. Некои Лавови можеби ќе се заљубат. Доколку направите некои промени во вашите импулси и однесување, ќе постигнете подобри резултати. Посветени сте на вашите интелектуални цели и развивате артистична страст.

ДЕВИЦА
Избегнете да бидете оптоварувани со непотребни работи кои не ви се корисни, наместо тоа, исполнете го вашето време со обврски кои може да ви донесат напредок. Ќе ја насочите вашата енергија на вашата работа и ќе сакате да ги координирате вашите планови на начин што ќе донесе подобри резултати.

ВАГА
Ќе посветите големо внимание на деталите. Можно е да бидете дел од некој план и ќе биде потребно да ги споделите вашите размислувања кои можеби нема да се поклопат со оние на другите, но тоа нека не ве обесхрабрува. Вашата креативност ќе ве однесе на врвот.

ШКОРПИЈА
Ќе имате неочекувани промени на пофесионален и личен план. Тоа ќе ве остави загрижени и несигурни. Немојте да се плашите и да бидете под стрес. Обидете се да бидете спонтани и да им препуштите на тие промени да донесат добри нешта. Некој ќе ве направи несреќни и вие ќе барате причина за нивното однесување.

СТРЕЛЕЦ
Оние што се занимваат со приватен бизнис ќе остварат добри резултати и профит. Некои инвестиции што сте ги направиле во минатото ќе ви бидат исплатени. Стојте понастрана од кавги и расправии затоа што вината може да биде ставена врз вас. На приватен план партнерот очекува да го поддржите во врска со некои негови планови.

ЈАРЕЦ
Вие сте личност што секогаш го извлекува најдоброто од секоја ситуација. Ќе успеете да донесете некоја тешка одлука без многу размислување и сето тоа ќе се одвива во најдобар тек. Немојте да дозволите туѓото мислење да ве одврати од вистинскиот пат по кој чекорите, оставете што зборуваат другите.

ВОДОЛИЈА
Денес ќе чувствувате променливо расположение. Потребно е да бидете внимателни кога се расправате со чувствителни луѓе. Сега не е вистинско време за конфронтации. Потребно е да донесете некоја важна одлука. Ќе се чувствувате непријатно во некоја ситуација, која нема да можете да ја избегнете. На крајот тоа ќе се одвива позитивно врз вас.

РИБИ
Ќе бидете во друштво на личност што е доста забавна. Денот ќе помине побргу отколку што сте очекувале и ќе бидете воодушевени од одличната комуникација што ќе ја имате со таа личност. Ќе научите и многу нови интересни нешта. Направете некој план за дружба со семејството, тоа ќе ви годи на сите.

Scroll to Top