Какво училиште завршиле европските лидери

На интернет-страницата „Редит“ се појави мапа на која може да се види какви дипломи имаат премиерите на европските земји. Тоа што на прв поглед го привлекува вниманието е дека има доста правници, но и тоа дека некои европски лидери завршиле факултети што не се поврзани со работата што ја извршуваат сега.

Премиерите на Русија, Шпанија, Португалија и на Исланд завршиле право. Во таа група спаѓаат и премиерите од повеќето балкански земји, како Словенија, Хрватска и Црна Гора. Миро Герар, Андреј Пленковиќ и Душко Марковиќ, кои студирале правни факултети.

Србите отскокуваат од шаблонот затоа што премиерката Ана Брнабиќ е магистер по маркетинг. Лидерите на Грција и Турција, Алексис Ципрас и Бинали Јилдиирим, се инженери, а во таа група спаѓа и лидерот на Финска.

Премиерот на Албанија, Еди Рама, завршил уметност затоа што сакал да стане сликар, а премиерката Ангела Меркел студирала, ни повеќе ни помалку, физика.

Scroll to Top