Ќерката на Мајкл Џексон сними албум

Парис Џексон, ќерката на кралот на поп-музиката Мајкл Џексон, го сними нејзиниот прв албум, наречен Wited. Иако цел живот била под влијание на песните на татко ѝ, на техно и класичната музика, нејзините песни се во алтернативен и фолк-стил.

„Ако на луѓето не им се допаѓа, не мора да го слушаат. Некако стигнав до точката кога сфатив дека некој секогаш ќе има нешто негативно да каже… Па така, јас би можела да бидам своја без оглед на коментарите“, рекла за „Ројтерс“ 22-годишната Парис и додала дека се откажала од обидите да им угоди на другите.

Првиот соло-албум на Парис Џексон беше објавен во петокот.

Scroll to Top