Крводарителска акција во чест на роденденот на Тоше

Утре во холот на АРМ, Црвениот крст на град Скопје во соработка со ИТМ, ја организираат традиционалната крводарителска акција во спомен на роденденот на големиот хуманист и крводарител Тоше Проески.
Акцијата ќе започне од 9 часот утрото и ќе трае до 17 часот.
„Оваа крводарителска акција стана веќе препознатлива во нашиот град и е посетена од голем број граѓани, а пред сѐ помладата популација која во ликот на Тоше Проески препознава пример на хуманост. До сега, на овие акции реализирани се 4 829 единици крв.При спроведување на акцијата, Црвен крст и Институтот за трансфузиона медицина ќе се погрижат сите дарители и лица ангажирани за реализација на акцијата, да ги почитуваат сите пропишани мерки и протоколи за заштита и самозаштита од Ковид-19“, објавија од Црвениот крст на Македонија.

Со молитва во Загреб ќе се одбележи 40 роденден на Тоше

Scroll to Top