„Ледена катедрала“ високо во швајцарските Алпи блекса со својата уникатност

Ледена пештера која се формира природно на голема надморска височина во швајцарските Алпи денеска стана достапна. Посетителите кои доаѓаат се воодушевуваат на огромниот син свод на „ледената катедрала“.

Варирајќи во облик и големина секоја година, пештерата има заоблен таван кој е создаден од дебел слој мраз. Ледената пештера е висока е околу пет, а долга 20 метри.

 

„До местото може да се стигне пешки за 15 минути откако ќе се дојде со жичница од ресортот Ле Дијаблерет, но сето ова е на ваш ризик. Лани пештерата беше пострмна. Оваа година таа навистина изгледа како катедрала и е многу е убава. Внатрешноста е прилично  рамна, па и пристапот е полесен“, вели Бернхард Чанен од локалната туристичка заедница.

Природната пештера се формира според ефектот на сифон. Во пролет и лето, внатрешноста се исполнува со вода како што се топи снегот, при што се формира езеро. Во есен, приливот секнува, а водата се испушта од пештерата, при што замрзнува.

Фото: Ројтерс 

Scroll to Top