Љубовен хороскоп за 2019 година

ОВЕН

Веќе во првите денови од почетокот на годината, ќе бидете подготвени за сè. Во текот на пролетта, сите овни кои не се во врска сега ќе имаат можност. Љубовните искри ќе дојдат од многу страни. Вашата желба да остварите љубовна среќа, ќе биде на променлива. Ќе размислувате на која страна да се свртите. Ќе бидете задоволни со вашиот избор и ќе се трудите другата страна да го почувствува вашиот ентузијазам. Со доаѓањето на летото, некои од припадниците на овој знак ќе се обидат да ги поправат односите во бракот или во врската. Одлуката за заеднички одмор сигурно ќе им помогне. На есен, оние кои сѐ уште се сами и понатаму ќе бараат љубов. Сите слободни овни ќе имаат мака да најдат партнер, ако не го нашле досега. Зафатените ќе се обидат да го подобрат својот емотивен живот. Со доаѓањето на зимата, некои овни ќе се најдат на крстосницата. Кога ќе сфатат дека нивните напори немаат резултат, ќе му го свртат грбот на партнерот и ќе заминат. Ова не важи за сите овни, некои ќе направат сѐ што можат за да го задржат саканиот и покрај компромисите.

БИК

Од февруари и почетокот на пролетта, биковите ќе го придвижат својот шарм и ќе го освојуваат спротивниот пол. Оние што се во врски или се во брак, може да почнат тајна врска. Летото за биковите носи хармонични односи, многумина ќе одлучат да го зголемат семејството. Слободните бикови уживаат во страста и ќе влегуваат од авантура во авантура. Во текот на есента многу бикови ќе страдаат од последиците на летните авантури, ќе се обидуваат на секој начин да остане само на тоа. Некои и ќе успеат, додека другите летната авантура ќе ја градат во сериозна врска. Со доаѓањето на зимата, ќе се смири и страста на биковите. Само оние кои сѐ уште се слободни ќе ја бараат својата сродна душа. Зимата за многу бикови кои се во врски носи одлуки за планирање на заедничка иднина или брак.

БЛИЗНАЦИ

Почетокот на пролетта за близнаците е многу тежок период. Ќе биде тешко да се прифати одговорноста и често ќе бидат кавгаџии. Нивната желба за самостојноста ќе продолжи да расте. Оние кои се во врска или брак, сигурно ќе бидат пред тешки одлуки. Во текот на летото, повеќето близнаци сѐ уште ќе бидат незадоволни од нивниот љубовен и емоционален живот. Честите авантури или обидите да се докажат пред спротивниот пол, ќе ги доведе до неуспех. Среќата и страста во текот на летото ќе им дадат поголема самодоверба. Во есен поголемиот дел од близнаците ќе бидат подготвени за нови почетоци. Тоа најмногу се однесува за оние кои избегнуваат сериозни врски или брак со години. Сега ќе бидат подготвени и за тоа. Во студените зимски денови, близнаците ќе му се посветат на партнерот и ќе уживаат во љубовта. Сè ќе биде подредено на нивната среќа, па така и другата страна ќе може релаксирано да сака.

РАК

Со доаѓањето на пролетта раковите може да почнат љубовна врска која ќе функционира совршено во раните фази. Во април ќе дознаете дека лицето за кое сте заинтересирани не е искрено со вас или дека нема намера подлабоко да се врзе. Во текот летото време е да размислите колку сте вложиле во врската и какви грешки сте направиле. Овие три месеци се комплицирани за вас кога се во прашање љубовта и бракот, па не носете какви ненадејни одлуки. За слободните ракови постои можност за почеток на новаа љубов, или две паралелни врски. На есен оние кои се во врска или во брак ќе се соочат со поголеми проблеми. Партнерот и вие ќе функционирате како на трње, ќе има потреба од многу заеднички компромиси, но двајцата често ќе бидете тврдоглави и ќе водите инает еден на друг. Од друга страна, на слободните, ситуацијата им оди целосно од рака. Новите луѓе се појавуваат во вашиот живот, спремни сте да уживате, истражувате, да си поминувате како никогаш досега. Со доаѓање на зимата некои од раскинатите врски може да се обноват, без разлика дали се од минатото или од почетокот на оваа година. Сега е време повторно да се поврзете. На слободните ракови зимата им носи голема љубовна приказна, личност во која ќе се заљубите брзо и интензивно.

ЛАВ

Во првите денови од пролетталавовите во врска ќе имаат искушенија, односите кои се важни за вас лесно можат да се нарушат, па затоа ќе треба да им се посветите повеќе на оние кои ги сакате. Што се однесува до слободните, за нив овој период е време кога врските лесно почнуваат и уште полесно завршуваат. Летото за лавовите е период кога сите нивни грешки и пропусти можат директно да се вратат. Слободните не се смируваат, кај вас љубовта ќе оди како по лента, ќе се мешаат минатото и новите познанства. Со доаѓањето на есента ќе поминете низ мали проблеми. Ова е последниот период кога навистина треба да се борите за вашата љубов. Слободните лавови и во овој период се во стандардно расположение, уживање, слобода. Сепак, зимата ќе донесе решение за несигурните врски. Слободните лавови може да се вратат на некој поранешен партнер, а некои од вас ќе мора да си признаат дека можеби погрешиле што повеќе не се потрудиле во минатото околу некоја личност.

ДЕВИЦА

Од пролетта љубовта ќе цвета, па слободните девици ќе имаат романтични љубовни случувања на секој чекор. Можно е да почнете врска со некоја личност со која имате голема разлика во годините. Оние кои се во брак или во врска подобро да се свртат кон партнерите, бидејќи ќе наидат на големо искушение. Во летото искушенијата ќе станат посилни. Некои лаги можат да бидат откриени. Што се однесува до слободните девици, и во овој период ќе имаат уште една шанса за голема љубов. Тоа повторно ќе биде личност постара од вас и некој што ќе дојде во вашиот живот за да ви даде трајност и стабилност. Во текот на есента, ако некои од емотивните врски се прекинати во првата половина на годината, во овој период може да дојде до обновување на љубовта. Некои девици во брак може да решат да стават крај. Со доаѓањето на зимата некои љубовни приказни ви се враќаат, и повеќе од сигурно е дека овој пат ќе останат. Многу врски сега одат кон веридба, заедница, брак, па дури и бебиња.

ВАГА

Пролетта за оние во врска и брак носи хармонични односи и задоволство. Но оние што се во брак ќе бидат склони кон флертување, кое може да прерасне и во афера. Слободните ваги ќе се забавуваат лудо. Следуваат денови исполнети со љубовни прилики, но во моментов нема место за некои посериозни емотивни приказни. Во текот на летото, вагите ќе бидат зафатени со семејни обврски и ќе се обидат да ги поправат своите односи. На некои тоа ќе им успее, на некои не. Слободните ваги ќе бараат љубов, релаксација, забава. Од некои необврзувачки односи, лесно може да се роди вистинската љубов. Со доаѓање на есента, оние што го сочувале бракот или врската можат да бидат мирни, а напнатоста ќе се намали. Слободните ќе се препуштат на страсти се додека не ги погоди минатото и личноста која оставила трага кај нив. Зимата носи пријатни и убави љубови. Сите ваги кои се слободни ќе ја најдат својата сродна душа и добро ќе го чуваат тој однос. Браковите и врските во зима носат мирни моменти, конечна хармонија.

СКОРПИЈА

За скорпионите во врска пролетта носи мирни и среќни моменти со саканата личност. Што се однесува до слободните, ова е прекрасно време за вас. Можеби во 2019 година влеговте веќе вљубени, а ако не, тоа многу брзо ве очекува. Во летниот период за оние кои почнале нова врска, но и оние со подолги врски, ќе дојдат до првите, навистина непријатни проблеми, авантури и врски, што ќе добедат до проблеми, љубомора и сомневање. Слободните ќе уживаат во потрагата по нов партнер, а ќе ги привлекуваат постари лица. Ќе има убави моменти, само внимавајте дека некои од нив се и зафатени, па од нив не очекувајте ништо. Со доаѓањето на есента сè ќе дојде на свое место, сте расчистиле и средиле сѐ што било до вас. Слободните во овој период ќе талкаат, малку враќајќи се во минатото, малку активирајќи се околу нови луѓе. Зимата за слободните е време повторно да се поврзат со некој со кој изгубиле контакт, дури и евентуално да влезат во врска, која може да биде добра. Кај оние што с ево брак ситуацијата е сосема мирна. Љубовта цвета како никогаш порано, а вие и вашиот партнер можете да одлучите да живеете заедно или да стапите во брак.

СТРЕЛЕЦ

Од почетокот на годината, па дури и во текот на пролетта, односот со партнерот е променлив и се чувствувате на неисполнето и ускратено. Некои стрелци веќе во овој период можат да започнат тајни врски. Ако сте слободни, постојат мали шанси да влезете во нормална врска, поверојатно дека ќе правите нешто тајно. Во текот на летото кај слободните стрелци ситуацијата е многу подобра. Има многу шанси за нова љубов и врска која би можела исклучително да ви годи. Кај некои од вас, има можност да се смирите со поранешните партнери. Ако сте во паралелна врска, потребно е поголемо внимание и криење, работите може да излезат на виделина. Сепак, нема да бидете подготвени на оваа тајна приказна да ставите точка. Во есента зафатените стрелци ќе имаат проблеми со партнерот. Има шанси некои на почетокот на есента конечно да стават точка на врската или бракот. Слободните, пак, ќе се соочат со минатото. Во зимскиот период сè уште може да се провлекува некој стар проблем. За зафатените почнува еден помирен и поубав период, а оние кои се во подолги врски може да се одлучат за брак. Слободните ќе се сретнат со личност која долго време ја гледале, но дури сега се подготвени и конкретно да тргнат и да успеат.

ЈАРЕЦ

Почетокот на годината и пролетта им носи на слободните јарци многу добро расположение, но и прва можност за нова емотивна приказна. Зафатените јарци чувствуваат несигурност кога е љубовта во прашање, а тоа повремено може во голема мера да влијае на однесувањето кон партнерот. Со летото започнуваат и проблемите со оние кои се зафатени. Потребно е многу трпеливост и толеранција за излез од кризата. Слободните ќе имаат шанси да избираат помеѓу минатото и новата личност. На есен, оние кои се зафатени имаат шанса некако да ја стабилизираат ситуацијата со саканата личност, но тоа ќе биде доста тешка задача. Преку зимата, оние врски кои успеале да преживеат бура во текот на изминатиот дел од 2019 година, сега имаат можност да се опорават и да се стабилизираат. За слободните јарци продолжува период со големи можности за нови, невообичаено убави и романтични љубовни приказни.

ВОДОЛИЈА

Од почетокот на годината и во пролетта, зафатените водолии може да почнат врска што ќе сакаат да ја скријат од другите. Ова нема да ги заобиколи дури и слободните водолии, кои може да имаат афера со зафатена личност. Во летниот период во бракот почесто од вообичаено се појавуваат несогласувања, хаотичност, која може да биде предизвикана од сомнеж и љубомора. Само преку компромис и трпеливост можете да направите позитивни промени. За тоа време, слободните водолии сакаат вистинска љубов. Есента е време за менување на ситуацијата, но тоа ниту во овој период нема да оди лесно. Некои врски не можат да се зачуваат. Слободните или ќе одлучат да се вратат на својот поранешен партнер, или ќе тргнат во љубовни освојувања. Со доаѓањето на зимата, некои од зафатените припадници на овој знак кои се во доста лоши односи и бракови, сега ќе можат да ја подобрат ситуацијата со својот партнер и да се вратат на старо. За слободните следи период на компромис и враќање на минатото.

РИБИ

Од почетокот на годината ќе ја шармирате околината. Зафатените риби имаат можност за тајни флертувања и тоа веројатно на работа. Можно е да сакате да си докажете дека сте сè уште привлечни и дека имате влијание на спротивниот пол. Во лето некои од слободните риби ќе бидат окупирани од минатото. Може да дојде до контакт со поранешните партнери. Есента носи проблеми за сите кои се во било кој тип на забранети односи, без разлика дали  се слободни или зафатени. Имате дилеми во мислите и сега конечно ќе сфатите кои се луѓето на кои треба да им се посветите целосно. Со доаѓањето на зимата слободните риби ќе почнат нова врска. Постои можност поради недовербата кај партнерот да се јави љубомора. Што се однесува до оние кои се во врска и брак, вие влегувате во еден многу подобар љубовен период, така што многумина ќе планираат брак или бебе.

Scroll to Top