Испровоцирани од Кејт Мидлтон, неколку мајки решија да објават фотографии за да покажат како изгледаат по породувањето. По неполни 7 часа од породувањето со третото дете, Кејт Мидлтон се појави на скалите пред болницата дотерана во црвен фустан и високи потпетици, па тоа ги разлути мајките кои го имале истото искуство.
Со цел да покажат дека првите неколку часа по породувањето се болни и емотивни, па сосема е нормално мајките да не се грижат како изгледаат, жените ширум светот споделуваат фотки од себе и своето постпородилно издание.