Македонци играат рагби: Планираме национален тим

Вчера во Скопје,за се играше за прв пат рагби турнир меѓу клубовите  ,,Skopje Wild Boars” и “Pristina Bears“. На натрпеварот присуствуваа околу 200 гледачи . По 80 минути активно рагби, крајниот резултат заврши 12:22 , со што победија гостите од Приштина.

Од клубот велат, дека иако им е тешко што изгубиле, сепак ова е голем предизвик, оти кај нас прв пат се игра рагби турнир.

„Рагби клубот ,,Skopje Wild Boars” е оформен во летото 2018 година, од страна на група британски и македонски рагби фанови и играчи, кои во моментот живеат во Скопје, со една цел, а тоа е рагбито како спорт да се актуализира и во Македонија. Македонија е единствена држава во Европа, и една од ретките во светот кои немаат ниту еден рагби клуб, па проектот уште од самиот почеток помина низ низа предизвици.  Првиот предизвик беа луѓето, кои можеби нешто слушнале, меѓутоа не знаат точно што е рагби.“, велат од клубот за “Репортер“.

Моментално, клубот брои околу 30 стални членови, кои се на различни возраси и националности. Во клубот, освен луѓе од Македонија, членуваат луѓе од Англија, Велс, Шкотска и Кипар.

 

Рагби е спорт кој е создаден во Англија, се игра од тимови составени од по 15 играчи, на терен со големина на фудбалскиот, носејќи топка која има форма на јајце (но е поголема од онаа која се користи за американски фудбал), подавајќи ја само позади пробуваат да ја однесат во просторот за поени (кој се наоѓа позади гол линијата на теренот) и со спуштање на таа топка во тој простор постигнуваат – трај (try) кој вреди 5 поени и после кој имаат шанса да шутираат во гол и доколку го погодат добиваат уште 2 поени.

„Во текот на играта постојат и пенали, кои резултираат со шут кон гол кој носи 3 поени и шут кон гол во текот на игра  кој резултира исто така со 3 поени. Во текот на играта дозволени се контакти но само во телото, секој контакт повисок од градите на играчот резултира со пенал и со можни жолти и црвени картони. За разлика од Американскиот фудбал во кој играчите носат опрема која тежи многу килограми, опрема за рагби освен маица, шорц и копачки е само штитник за заби. Иако има доста правила, тие се направени за спортот да биде посигурен за оние што го играат и играјќи го да нема сериозни повреди“, раскажаа од клубот.

Уште од првиот тренинг на клубот, интересот бил поголем од очекувањата. Голем предизвик во тие први моменти на постоењето на рагбито во Македонија, велт бил теренот. Било проблем да се најде терен на кој може да се тренира. Сепак, првите тренинзи биле во Градскиот Парк во Скопје, а сега се тренират на теренот на фудбалскиот клуб Локомотива во Карпош.

“Идеата за иднината на спортот и клубот во Македонија, е во наредните 3-4 години да се формира Рагби Федерација на Македонија, за што е потребно оформување и на други клубови низ земјата, како и формирање на национален тим во наредните 5 години кој би се натпреварувал на Европските конференциски натпреварувања.“, велат од клубот за Репортер.

Александра Георгиев 

Scroll to Top