Малата Ајви е алергична на вода

Ајви Ангерман од Хастинг, Минесота, е алергична на вода. Таа е алергична и на сопствените солзи. Родителите го откриле ова пред неколку месеци, додека ја бањале. Најпрво мислеле дека реагира на некое средство за капење, па почнале да ги менуваат сапуните и шампоните. Но, на нејзиното тело и понатаму се појавувале пликови и црвенило.

Лекарите дијагностицирале дека се работи за алергија на вода. Таа се исфрла ако помине дури и 15 секунди во вода. Родителите се обиделе да ја менуваат и водата во која се бањала Ајви.  Пробале со изворска вода, вода од шише, од чешма, но ситуацијата останала иста.

Ајви се осипува по телото и кога плаче или кога се поти премногу. Мајката сега ја учи да не плаче и да не се вознемирува. А и Ајви почнува да се плаши од вода.

„Исплашени сме за нејзината иднина“, вели нејзината мајка Британи.

Алергијата на вода е многу ретка состојба, регистрирани се само педестина луѓе во светот. Родителите на Ајви планираат да се преселат на место кое нема влажна клима како Минесота. Тие не знаат дали алергијата ќе се менува и напредува, оти знаат за случај на девојка која не смее да пие вода, па консумира само диетална кола. Родителите се надеваат дека ќе се најде лек со кој Ајви ќе може да води нормален живот.

 

Scroll to Top