Најдобри мини серии во 2020

Мораме да признаеме дека сериите и мини сериите нè спасија од досадата во 2020 година во која не бевме во можност да излеземе надвор и да се гледаме со оние што ги сакаме, секако, поради очигледните причини.

Ова се петте најдобри мини серии во 2020 година:

Devs

Главната јунакиња од оваа научнофантастична мини серија е Лили Чен, која работи како софтверски инженер во компанијата „Амаја“. Таа живее со својот дечко и колега Сергеј кому му се губи секаква трага по првиот ден на работа во специјалното одделение на компанијата. Кога ќе се дознае дека извршил самоубиство, Лили ќе почне да се сомнева во официјалната верзија на настаните и ќе се обиде самата да дојде до вистината.

Unorthodox

https://www.youtube.com/watch?v=-zVhRId0BTw&feature=emb_title

Unorthodox е мини серија за 19-годишната Шири Хас, која е незадоволна од животот во Њујорк во заедница на ултраортодоксни Евреи. Таа ја напушта оваа заедница и заминува да живее во Берлин, каде што ќе се обиде да ја пронајде слободата од стегите на сегашната религија.

I Know This Much Is True

Марк Рафало во оваа мини серија по истоимениот роман има двојна улога. Тој го игра ликот на Доменик Бирџи и неговиот брат близнак Томас, кој страда од шизофренија. I Know This Much Is True е семејна сага за односот на двајца браќа, која е полна со впечатливи моменти, кои сигурно нема бргу да ги заборавите по завршувањето на гледањето.

The Good Lord Bird

https://www.youtube.com/watch?v=H-Tm63y-S4s&feature=emb_title

The Good Lord Bird е историска драма за Џон Браун, воен аболиционист од 19 век, кој во средината на 19 век се обидел да предизвика револт кај робовите во САД. Улогата на главниот јунак му е доверена на Итан Хоук.

The Queen’s Gambit

https://www.youtube.com/watch?v=CDrieqwSdgI&feature=emb_title

Ања Тејлор-Џој во The Queen’s Gambit ја игра улогата на Бет Хармон, талентирана шахистка, која ја научила оваа игра во сиропиталиште кога имала девет години. Мини серијата го следи нејзиниот успех во светот на шахот, но и се занимава со нејзината зависност од дрога и алкохол.

 

 

 

Scroll to Top