Најризични земји за патување во 2021

Компанијата International SOS, која се занимава со здравствени и безбедносни услуги, ја објави годинешната листа на најризични дестинации за патување следната година.

Листата секоја година се составува врз основа на безбедносните и здравствените ризици, а оваа година посебно е разгледан и ризикот од зараза од коронавирусот.

Мапата вели дека најопасни места за посета во 2021 година се Либија, Сирија, Ирак и Централноафриканската Република. Како земји со најголем безбедносен ризик се оценуваат африканските и земјите од Средниот Исток. Меѓу нив најмногу се истакнуваат Авганистан, Либија, Ирак, Сирија, Мали, Јужен Судан и Сомалија.

Од друга страна, на списокот на земји со најголем здравствен ризик се наоѓаат Либија, Јужен Судан, Сомалија, Венецуела, Сирија, Ирак, Авганистан и Јемен. На неславната листа овие земји завршија и поради политичкото и друштвено насилство, како и поради проблемите при пружањето адекватна медицинска нега.

Здравствениот и безбедносниот ризик е најмал во земјите на Запад, но International SOS истакнува дека би можело да дојде до промена на листата во текот на пандемијата од коронавирусот, чиј понатамошен тек не може точно да се предвиди.

Меѓу земјите со најнизок безбедносен ризик се Скандинавија и Кина, додека Велика Британија е рангирана како „земја со умерен ризик“, кога станува збор за епидемијата од коронавирус.

Како земји со најнизок ризик од зараза со корона се рангирани Нови Сад, Танзанија и Никарагва.

Листа со екстремен безбедносен ризик:

  • Сирија
  • Ирак
  • Јемен
  • Сомалија
  • Јужен Судан
  • Либија
  • Централноафриканска Република
  • Мали
  • Авганистан
  • Доњецк и Луганск во Украина

Земји со доста висок здравствен ризик:

  • Нигерија
  • Либија
  • Јемен
  • Ирак
  • Авганистан
  • Северна Кореја
  • Гвинеја
  • Венецуела
  • Буркина Фасо
  • Сиера Леоне
  • Гвинеја Бисао
  • Либерија
  • Централноафриканска Република
  • Еритреја
  • Хаити
Scroll to Top