Неделен хороскоп 21 до 28 декември: променливо расположение на Овенот, Лавот да преземе ризик

Овен

Овие денови ќе имате променливо расположение што се однесува до љубовниот живот. Некои врати ќе се отвораат, а други ќе се затвораат. Дури и истовремено. Затоа, бидете максимално отворени и следете ја секоја можност. Треба да научите што се крие зад можностите. На работа главно ќе ви оди добро. Уште повеќе ќе ги засилите контактите и ќе ја подобрите соработката со младите колеги. Некои ќе отворат врата за нови колеги или самите ќе бидат повикани на некое ново место на работа. Предизвиците ќе бидат секојдневни.

Бик

Повремено ќе почувствувате понекоја лична фрустрација или пречка за љубов. Издржете, најмногу зашто со трпеливост ќе увидите колку всушност имате сила и колку може да сакате. На тој начин сè ќе се стопи самото од себе, а ќе останат само добрите работи. Изгледа како да се оправа на работа, но никако тоа да го дочекате. Веќе станувате нетрпеливи за да докажете што знаете и за што сте способни. Уште оваа недела ќе треба за нешто да се подготвите или да довршите некоја заостаната работа Затоа, работете го тоа полека и сигурно. Игнорирајте ги критичарите.

Близнаци

Добра атмосфера, вашата отвореност и подготвеноста да изразите она што чувствувате, како и наклонетоста на другата страна, ќе ви ги направат овие денови многу пријатни. Оние што уште се во потрага по сродна душа, лесно ќе се приближуваат кон секоја личност од спротивниот пол. Ќе биде интересно. Својот деловен интерес полека ќе го префрлувате на проширување на сопствените знаења и стручната способност. Некои ќе одат на доедукација. Сега ќе се исполнат некои законски услови за да може да направите нешто во таа насока. Некои поради тоа ќе отпатуваат. Првин согледајте со што располагате, па потоа дејствувајте.

Рак

Ако до сега имаше празнина во љубовта, овие денови ќе дочекате подобри шанси. Токму така вашиот приватен живот полека ќе почне да се подобрува, а потоа и насмевката ќе се врати на вашето лице. Немојте ништо да форсирате и сè ќе биде добро. Новата енергија што интензивно ја чувствувате, ќе ве поттикне и на нови деловни потфати. Ќе бидете вешти, конструктивни, отворени, жедни за предизвици. Лесно ќе се поврзувате со другите, а особено со лицата со кои сте заедно во работниот простор. Уживајте во животот.

Лав

Можеби понекогаш ќе ви се чини дека љубовта е далеку од вас. Сепак, таа е поблиску отколку што мислите, само што моментно не се покажува. Бидете мирни, трпеливи и упорни. Ако сте во врска, не форсирајте со изразувањето емоции по секоја цена. Многумина ќе играат на сигурно, зашто неодамнешните искуства и искушенија ги упатија кон тоа. Сепак, може малку и да рискирате. Не е сè толку тешко како што вие го гледате. Повторно ќе се појави поддршка од други, на кои воопшто не сте се надевале. Не заморувајте се со ситници.

Девица

Вие полека доаѓате во убав период. Ова време е добро за засилување на довербата во врските, но и за поотворени разговори. На некои, сепак, повеќе ќе им одговара самотија исполнета со филозофирање. Повеќето ќе се чувствуваат добор. Ќе бидете помалку заморени од работата. Некои колеги, згора на сè, и ќе ве задеваат. Не реагирајте. Она што мора да го сработите, направете го професионално. Така на сите ќе им ги затворите устите. Шанса за напредување не е невозможна, но засега не ви изгледа атрактивно.

 

Вага

Некои ваши љубовни очекувања ќе бидат исполнети и покрај понекоја пречка или фрустрација. Сепак, понатаму треба да бидете внимателни и на мирен начин да го одржувате она што до сега сте го оствариле. Другата страна ќе го препознае и цени вашиот труд. Понекогаш ќе ви се чини како премногу да ве истакнуваат и да го фалат вашиот труд. Скромноста и еден вид срамнежливост, што ја ширите околу себе, ќе бидат пример за другите. Ќе работите вредно и без многу прашања. Добро е да се биде искрен.

Шкорпија

Веројатно ќе се чувствувате осамено, освен ако осаменоста не е по ваша желба. Оние во врска ќе поминуваат низ еден интересен период низ кој ќе треба доста трезвеност за да се помине. Не претерувајте со вашите идеи зашто и покрај тоа што некои врати малку ви се отворија, сè уште не е време да се експонирате. Работете во тишина и според правилата на игра. Трпеливо дочекајте ги вашите пет минути. Ќе дојдат. Ако ви е тешко, побарајте ведри луѓе. Не правете ништо со сила.

Стрелец

Преодниот несклад во личните односи и уште повеќе во вашите љубовни очекувања, ќе направат да се чувствувате фрустрирано или осамено. Би било добро да ја прифатите состојбата каква што е и без поголеми амбиции да очекувате подобри денови. Ќе дојдат. Најдете во себе сила за да поставите подобри криутериуми во работењето и да ја завршите работата што мора да биде завршена. Сега не поставувајте си ги барањата премногу високо зашто сте во фаза кога се соочувате со многубројни предизвици, а енергијата ви е на минимум. Редовно опуштајте се и обидете се добро да се наспиете.

Јарец

Вашата потреба за друштво и натаму ќе биде изразена, па многу често ќе излегувате. Ќе бидат тоа неформални дружби со блиски луѓе до вас и со пријатели. Нема да имате големи очекувања, но токму таа опуштеност би можела да ви донесе нова љубов. Ги решивте последните поголеми недоумици и сега храбро одите напред. Малку по малку почнувате да градите нови услови за работење или нови проекти. Во себе ја носите онаа светлост која ќе разбуди многумина околу вас. Само треба да ви веруваат, па затоа отворете се. Не сомневајте се во сопствените способности.

Водолија

Вашата енергичност и активност во љубовниот живот понекогаш ќе се граничи со лудост. Не е исклучена ниту мала љубомора, но и некоја со поголем интензитет. Но, како дошло така и ќе помине. Потребна ви е малку поголема самоконтрола за да бидете посреќни. Ќе дејствувате на разни фронтови, но нема да има ништо толку силно за да ви го задржи целото внимание. Ќе функционирате добро со внимателно организирани паузи. Ќе ви бидат потребни зашто имате помалку енергија од вообичаеното. Ќе размислувате за смислата на животот.

Риби

Деновиве многумина од вас ќе претеруваат во страста или, пак, во друга крајност – во студенило. Или секој момент ќе сакате да бидете со саканата личност или ќе барате целосна самотија. Сетете се на правилата на златна средина и обидете се да најдете рамнотежа. Можно е овие денови да воспоставите или да обновите деловни контакти со луѓе што работат на друг континент. Тоа секако ќе ви донесе поволни резултати и ќе ви ги рашири хоризонтите. Колку и да изгледа далеку, ќе биде добро. Бидете посмирени во однесувањето.

Scroll to Top