Пилотот на хелокоптерот е виновен за несреќата во која загина Коби Брајант, покажа истрагата

Официјалната истрага за падот на хеликоптерот во кој загинаа кошаркарот Коби Брајант, неговата ќерка Џијана и уште седум лица покажа дека пилотот е виновен за несреќата. Тој одлучил да лета во облаците иако тоа е забрането со закон.

Во официјалниот извештај за падот на хеликоптерот, кој има повеќе од 600 страници, се наведува дека пилотот Ара Зобајан, најверојатно, доживеал просторна дезориентација поради што верувал дека хелихоптерот се искачувал иако всушност се спуштал.

„Ридскиот терен во комбинација со просторната дезориентација на пилотот во облаците бил фатален. Пилотот не знаел по кој пат тргнал”, изјави Бил Инглиш, главниот истражител.

Механички дефекти во хеликоптерот „сикор С-76“ немало и се очекува по овој извештај, Федералната агенција за воздухопловство во САД да даде препораки за да се избегнат несреќи од ваков тип во иднина.

Scroll to Top