Почина Кофи Анан

Поранешниот Генерален секретар на Обединетите Нации, Кофи Анан, почина денеска на 81 година. Веста беше објавена на официјалната страна на „Твитер“ на Обединетите Нации.

„Жалиме за големиот човек, лидерот и визионер, некогашниот генерален секретар на Обединетите Нации, Кофи Анан. Убаво го помина живот. Тоа беше живот вреден за славење“, стои во нивната објава.

Веста за смртта на Анан ја потврди и фондацијата што го носи неговото име.

„Почина мирно, по кратка болест“, стои во соопштението на Фондацијата.

Анан беше седмиот генерален секретар на ОН и првиот Афроамериканец на оваа позиција. Тој ја извршуваше функцијата од 1 јануари 1997 до 31 декември во 2006 година. Работеше и како функционер во Светската здравствена организација и беше помошник генерален секретар за мировните операции на ОН во Босна и Херцеговина. Од октомври 1995 година беше специјален пратеник на Обединетите Нации за поранешната Југославија. Тој беше специјален претеник на ОН за Сирија. Анан заедно со ОН во 2001 година ја доби Нобеловата награда за мир, за нивната „работа кон подобро организиран и помирен свет“. Тој беше оженет и татко на три деца.

Scroll to Top