Почнува снимањето на „Црниот пантер 2“ , смртта на Чедвик Босман не го предомисли „Марвел“

Догодина во јули ќе почне снимањето на вториот дел од хитот „Црниот пантер“, но „Марвел“ засега не открива кој ќе го замени починатиот Чедвик Босман, кој ја играше главната улога. Од студиото најавија дека нема да користат компјутерски ефекти за да го вратат Босман во вториот дел. Босман почина во август, од рак, на 43 години.

„Холивуд рипортер“ објави дека филмот ќе се снима во Атланта и ќе трае шест месеци. Мексиканскиот глумец Теноч Уерта, една од ѕвездите на серијата „Наркос: Мексико“, е во преговори да биде еден од негативците, а Летиша Рајт, Лупита Нјонго, Винстон Дјук и Анџела Басет остануваат од досегашната екипа, со тоа што Рајт би можела да добие многу поистакната улога.

За првпат од 2009, „Марвел“ оваа година не издаде нов филм, туку се фокусира на многуте серии планирани за стриминг сервисот „Дизни+“.

Scroll to Top