Познат диџеј се утепал од пиење и јадење, па сега плаче на „Инстаграм“ за сметката од 200.000 фунти

Поранешниот радиодиџеј на Би-би-си, Чарли Слот, се изненадил кога во еден од најексклузивните ресторани во Дубаи добил сметка од 200.000 фунти.
Слот на својот профил на „Инстаграм“ ја објавил сметката, која вклучува 53 шишиња шампањско, шише вотка, две шишиња текила, шише коњак и разни јапонски јадења. Фактурата е издадена во локална валута (дирхам ОАЕ), а е издадена во хотелот Five Palm Jumeirah.

„Кога ‘занесувањето ќе тргне наопаку“, напишал тој покрај фотографијата.
„Дали може на рати?“, прашал тој означувајќи го хотелот во објавата.

„Извинете, Чарли. Знаете дека не даваме на рати затоа што веќе разговаравме за тоа. Дали можете да дојдете во нашата главна канцеларија затоа што директорот сака итно да разговара со вас за оваа сметка?”, му одговориле тие и додале во хаштагот „имаше многу садови за миење“.

„Дејли мејл“ пишува дека сметката настанала во период од неколку дена, а кога требало да се плати, сè му било пресметано на една сметка.

Според нив, Слот се почестил себеси, но и седумте пријатели, со разни скапи јадења и пијалаци – шампанско Ace of Spades Rose Champagne, текила Don Julio iz 1942, шише вотка Belvedere, која чини 3.500 евра, и шише коњак Remy Louis VIII, кое чини 7.000 евра.

Scroll to Top