„Принцезо, ќе го победиш ова“, познат спортист се моли за својата четиримесечна ќерка, која боледува од леукемија

Поранешниот спортист и реална ѕвезда, 30-годишниот Британец Ешли Кејн, и неговата девојка Софија Вораги, се молат и се надеваат дека бргу ќе најдат донор за четиримесечната ќерка Азајлија Дајмонд, која боледува од леукемија.

Нивната ќерка веќе два месеца се бори со ракот, а Ешли за нејзината состојба редовно ги известува фановите на социјалните мрежи. Тој на „Инстаграм“ сподели и фотографии со Азајлија.

„Ќе трепнеш и четири месеци поминаа. Не можам да верувам колку порасна. Убаво е да се види како расте и се развива, без разлика на ракот и хемотерапијата“, напишал тој.

Тој вели дека се гордее што не промашил ниту еден ден, а да не биде со неа. Вели дека секој ден ја гледа, танцувал со неа, па ѝ кажувал колку ја сака.

„Не планирам тоа бргу да прекине“, изјавил Ешли.

„Азајлија заврши со втората рунда хемотерапија и сега е во процес на закрепнување, со надеж дека многу бргу ќе се најде донор и ќе може да замине на трансплантација“, открил Ешли.

Тој вели дека ова за него било најстрашното и најболно искуство што го доживеал.

Дознав дека мојата ќерка има редок и агресивен вид рак во крвта, кој ѝ создава многу компликации. „Мама и тато те сакаат, принцезо. Одиме шампионке. Ти го можеш тоа и ќе победиш“, ѝ порачал Ешли.

 

Scroll to Top