Владата на денешната седница донесе одлука од петок, 26 јуни угостителските објекти да можат да работат и во внатрешноста на објектите, преку соодветен протокол за работа. Од истиот ден се дозволува и работата на теретаните и вежбалните, а моловите ќе можат да работат и во неделите.
На седницата Владата реши од петок да се отворат сите граници за влез во земјава. Притоа нема да се бара негативен тест на корона, ни 14-дневен задолжителен карантин.