Колата во која во 1996 година беше убиен раперот Тупак Шакур во Лас Вегас, „бе-ем-ве“ 750ил, се продава за 1.750.000 долари. Таа веќе беше понудена на аукција во 2017 година, дури и поевтино од сега, за 1,5 милиони американски долари, но тогаш не беше продадена.
Откако Тупак беше убиен, ова „бе-ем-ве“смени неколку сопственици. Автомобилот е комплетно реставриран, сите куршуми се отстранети, а и шофершајбнатае заменета. Иако колата е во одлична форма, без дупките од куршуми изгледа како и сите други 750ил од тој период.
Инаку, во 2017 година, „хамерот Х1“, кој исто така му припаѓаше на Тупак, се продаде на аукција за 205.531 долари.