Скиците и цртежите што американскиот боксер Мухамед Али ги цртал меѓу борбите ќе се продаваат на аукција во Њујорк. На аукцијата, што ќе се одржи на 5 октомври, ќе бидат понудени 24 дела, а некои од нив се и потпишани.
Аукциската куќа „Бонамс“ вели дека страста на Али за цртање била непозната за јавноста, но тоа за него било еден вид релаксација по борба или тренинг. Сликите го претставуваат интересот на Али за религијата и социјалната правда, но има и слики кои го претставуваат него во рингот.
„Многумина се возбудени бидејќи ретко кој знаел дека тој беше и уметник. Речиси никој не знаеше за неговото уметничко богатство“, вели Хелен Хол, директорка на одделот за популарна култура во „Бонамс“.
Сликата Sting Like a Bee, што Али ја насликал 1978 година, за време на снимањето на историската минисерија Freedom Road, а во којашто глуми и тој, се очекува да се продаде 40.000 и 60.000 долари.