Серии кои дизајнерите ги искористија за промовирање мода

By

Со оглед на тоа дека модните ревии не доаѓаат предвид периодов, дизајнерите ги користат сериите како уште еден начин на промоција на модата и трендовите. А дефинитивно ни е потребна малку свежа мода во животот моментално. Погледнете ги најновите телевизиски остварувања кои не смеете да ги пропуштите, ако сте модно-освестени зависници.

 

It’s A Sin (Тоа е грев)

Серијата е дело на Расел Т. Дејвис, креаторот на хитот од 90-те, „Queer as Folk“. Неговото најново дело со наслов „It’s A Sin (Тоа е грев“), е посветено на сите оние луѓе кои ги изгубија  животите како последица на појавата на ХИВ вирусот пред 40 години. Серијата се фокусира на секојдневието на неколкумина млади луѓе во 80-те години од минатиот век, кои живеат заедно во Лондон. Иако, ќе има мрачни моменти  Дејвис ветува и многу хумор и секси тела на повидок. Токму тие секси тела ќе ја носат најубава мода од 80-те. Премиерата е закажана за 22. јануари.

Inventing Anna  (Измислување на Ана Делвеј)

По огромниот успех кој го доживеа со „Bridgerton (Бриџртон)“, првата дама на телевизијата Шонда Рајмс работи на нова серија заедно со Netflix. Станува збор за биографска серија за Ана Делвеј, девојката по потекло од Русија, која успеа да измами стотици илјадници долари од елитата на Менхетен. Тврдејќи дека е богата германска наследничка, со уметничка фондација вредна 60 милиони долари, Ана Делвеј стана модна икона. Главните улоги ги толкуваат Јулија Гарнер, Ана Чумски додека Лаверн Кокс ќе се појави во улога на фитнес инструкторка која за прв пат се посомневала во работата на Делвеј.

Gossip Girl  (Озборувачка)

Благодарение на Блер Волдорф и нејзините тоалети од Оскар де ла Рента и Серена Ван Ден Вудсен и Марк Џејкобс  чантите, генерациите во 2008 успеаа да се образуваат за високата мода на квалитетен начин. Новата сезона на серијата  „Gossip Girl  (Озборувачка)“ се очекува да излезе годинава, а среќната вест е што оригиналниот дизајнер на костими, Ерик Даман, повторно ќе замеша прсти. Па очекувањата се големи и позитивни.

The Gilded Age (Позлатено време)

Од авторот на „Downtown Abby (Центарот на градот Аби)“, Џулијан Фелоус, конечно е најавена новата серија со наслов „The Gilded Age“. Од Јоркшир нe носи во Менхетен и Њупорт во доцните години на 19. век. Главната улога ѝ припадна на 29 годишната ќерка на Мерил Стрип, Лујза Џејкобсон, а со неа ќе се појават и Кристин Барински и Синтија Никсон.

Halston (Халстон)

Серијата е продукција на Netflix, а дело на Рајан Марфи. Станува збор за телевизиски омаж на познатиот дизајнер од 70-те години, па следствено на тоа може да се очекува и многу, многу мода од тој период. Еван МекГрегор се јавува улогата на ѕвездата од Студио 54, додека Криста Родригез ќе ја толкува улогата на неговата драга пријателка, Лајза Минели.

Ќе ви се допадне

Pokemon Journeys: The Series (https://kissanimeonline.com/m/2nY1) Episode 51 at website https://kissanimeonline.com kissanime list

Watch Sword Art Online Alicization War of Underworld Episode 6 (https://animefreak.ws/m/G47k/ep-6) at website https://animefreak.ws animefreak boku no hero