Сибирски бран со многу ниски температури се приближува кон Македонија

Од четврток територијата на целиот Балкан ќе потпдне под влијание на екстремно студен бран кој веќе почна да се спушта од Сибир кон нашите краишта.

Овој поларен бран ќе биде проследен со силен ветер од северен и од северозападен правец, на Јадранот силна бура, а во делови од Балканот ќе има и врнежи од снег, поинтензивни во Босна и во Србија. Температурите на воздухот нагло ќе се спуштат и за повеќе од 10 степени.

Од петок ширум Балканот температурите постојано ќе бидат под нулата, додека наутро истите ќе се спуштаат и до околу -15 степени, понекаде дури и до околу -20 степени.

Не се исклучува можноста за време на овој екстремно студен бран во делови од Балканот температурите да се спуштат и под -20 степени.

Во Македонија, пак, овој поларен бран ќе пристигне в четврток навечер и во текот на ноќта кон петок и ќе услови нагло и големо заладување, засилен северен ветер и локално провејување на снег. Од петок температурите на воздухот ќе бидат многу ниски и во поголем дел од државава постојано ќе бидат под нулата, додека наутро истите понекаде има услови да се спуштат дури и под -15 степени.

На високите планини истите има услови да се спуштат и до околу -20 степени.

 

 

Scroll to Top