Речиси цела Македонија под снег: следува заладување и промена на времето

Снег и големо заладување на времето е најавено од следниот викенд кога се очекува значителна промена на временската состојба кај нас. В сабота, 26 декември, се очекуваат врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините, како и формирање нова снежна покривка. Во текот на денот в сабота исто така ќе почне да дува северен ветер, кој нагло ќе ги спушти температурите на воздухот. Со ова заладување врнежите од дожд ќе почнат да поминуваат во врнежи од снег и на пониските места, особено в сабота попладне и кон крајот на денот. До сабота вечер и во текот на ноќта кон недела снежна покривка се очекува во најголем дел од Македонија.

 

Scroll to Top