Денеска времето во државава ќе биде променливо и облачно со повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има врнежи кои на пониските места ќе бидат најпрвин од дожд и полека ќе преминуваат во снег, додека на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег. Врнежите повеќе ќе ги има во западните предели. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени, меѓутоа поради спуштање на многу студена воздушна маса од север кон крајот на денов значително ќе опаѓаат.
Во Скопје ќе дова засилен ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има слаби врнежи од дожд кои полека ќе преминуваат во снег. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 6 степени, а кон крајот на денот значително ќе започне да опаѓа.
Локални врнежи од снег ќе има и утре, особено во западните предели и во доцните попладневни и вечерни часови. Услови за формирање потенка снежна покривка ќе има и на некои пониски места. Максималните дневни температури утре ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени.
Особено студено ќе биде в петок и за време на викендот кога температурите на воздухот на повеќе места постојано ќе бидат под нулата, наутро понекаде истите има услови да се спуштат и до околу -15 степени, на повисоките места и на планините ќе биде уште постудено, а времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека в сабота ќе има услови за локално и сосема слабо провејување на снег.