Трубачкиот фестивал во Гуча првпат откажан по 60 години

Трубачкиот собир во Гуча, што требаше да се одржи од 6 до 9 август, е откажан поради ширењето на коронавирусот во Србија и регионот. Ова требаше да биде 60. издание на најголемиот фестивал на трубачки оркестри од цела Европа. Фестивалот никогаш претходно не бил откажан, но организаторите сега се плашат дека нема да може да ги исполнат сите потребни мерки за заштита на посетителите.

„Во согласност со одлуките и мерките што ги донесе владата на Србија по прогласувањето вонредна состојба во повеќе од 20 града и општини во земјата, мора да го откажеме годинашниов собир во Гуча“, изјавил Миливоје Доловиќ, претседателот на општината Лучани, која е организатор на настанот.

Тој вели дека фестивалот ќе се одржи во исто време в година.

„Поради целата ситуација во регионот, не сакаме да го загрозиме здравјето на нашите посетители оти на Гуча доаѓаат по десетици илјади луѓе секој ден“, додал тој.

Општината Лучани е една од оние во кои е прогласена вонредна состојба, а поради големиот број заразени жители со Ковид-19.

 

 

Scroll to Top