(Видео) Дедо Мраз стигна во Дамаск

Во градот Дамаск во Сирија оваа година беше организиран празничен карневал. Голем број луѓе излегоа на улиците маскирани како Дедо Мраз и новогодишни елки. По долгиот период војни и немири, конечно граѓаните можеа да ја почувствуваат новогодишната магија исполнета со среќа и за момент да заборават на немилите настани.

Градот бил украсен со многубројни новогодишни елки и лампиони. Низ улиците ништо не потсетувало дека на ова место во изминатиот период се одвивале бунтови и воени акции. Во Сирија граѓанската војна трае од 2011 година, а ништо не навестува дека во скоро време истата ќе заврши.

Сиријците преку празничниот карневал испратиле порака за надеж и среќа и велат дека ќе се потрудат колку е можно понормално да живеат. Граѓаните кои излегоа се дружеа, се шетаа низ градот, пееја и се фотографираа.

Речиси ништо не потсетувало дека во оваа земја  се одвива војна, а граѓаните испратија порака за мир до останатиот дел од светот.

Scroll to Top