(Видео) Французите им пуштија погрешна химна на Албанците на мечот во Париз

Погрешна химна беше пуштена за време на натпреварот меѓу Франција и Албанија во Париз пред почетокот на мечот за квалификациите за Европското првенство.

Фудбалерите на Албанија доживеаа непријатност, откако домаќините ја згрешија химната и место албанската, ја пуштија химната на Андора, е наведено на веб стрната на УЕФА.

На снимките на камерите е забележано како гневните албански навивачи прават навредливи гестови поради ваквата грешка, пренесува агенцијата, „Асошиејтед прес“.

Францускиот селектор Дидие Дешамп разговарал со албанскиот колега Едоардо Реј, додка судијата ја чекаше вистинската химна. Натпреварот поради ваквата грешка доцнеше десет минути.

Потоа требало да се пушти вистинската химна, се случил уште еден непријатен инцидент. Официјалниот спикер на стадионот место на албанските навивачи, им се извинил на ерменските навивачи. Тој ги повикал домашните фанови да ја почитуваат „ерменската државна химна“. Ја свати грешката и се исправил веднаш.

Натпреваорт заврши со победа на светскиот шампион Франција од 4:1.

Scroll to Top