Сличен вирус како корона од кој досега во Кина починаа повеќе од 350 лица, а илјадници се заразени, се појавил и во анимираната серија Симпсонови, уште во 1993 година. Се работи за вирусот Осака грип, кој се раширил низ градот Спринфгилд, местото каде живеат Симспнови, откако нарачале блендери од Јапонија.
Во епизодата еден од работниците кој ги пакувал блендерите во кутија во Јапонија, се разболел и случајно го испратил вирусот во САД.
„Ве молам немојте да му кажете на мојот надзорник дека имам грип“, вели тој, пред да се закашла во кутијата. Еден од блендерите стигнал во Спринфилд, каде повеќето од населението се разболело.
Иако вирусот дошол од Јапонија наместо од кинескиот град Вухан, фановите на популарната серија, веднаш излегоа со реакции на „Твитер“.
„Симпсонови повторно успеаа. Симпсонови се од иднината. Предвидоа што ќе ни се случи. Симпсонови ме плашат. Оваа епизода се емитувала пред 27 години, во 1993 година. Дали Симпсонови навистина ја предвидоа епидемијата на коронавирусот“, биле некои од коментарите на социјалните мрежи.