(Видео) Македонка победи на слалом трка во Чешка

14-годишната скијачка Јана Атанасовска го освои првото место во слаломот на 58. издание на „Ски интер критериум 2020“ што се одржа во скијачкиот центар Рички во Чешка. Јана имаше послаба прва трка и заврши со време од 36.12, но во втората беше многу подобра од конкуренцијата и го освои првото место со вкупно време 1:14.36.

На трката учествуваа 40 скијачки од различни држави од Европа, а Јана е единственото девојче од Македонија. Таа се натпреваруваше и во велеслалом. Таму заврши на шестото место.

Во машка конкуренција во категоријата У14 во слалом, Данило Илиев заврши на 11. место, а Никола Деспотовски излета од патеката. Во велеслалом Илиев заврши на 24 место.

Scroll to Top