(Видео) Марадона имал афера со сопругата на Икарди, аргентинска водителка ги откри сите детали

By

Легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона имал афера со Ванда Нара, сопругата на поранешниот играч на Интер, Мауро Икарди, пренесуваат светските таблоиди.

За Марадона е познато дека имал исклучително бурен љубовен живот. Еден од најдобрите фудбалери на светот бил познат како голем заводник, обожавал убав помин и убави жени.

На неговиот шарм не можеле да одолеат бројни познати убавици. Една од нив била и Ванда. За нивната афера пред две години прозборе телевизиската водителка Мирта Легранд.

Авторката на една од исклучително популарните телевизиски емисии пред 14 гоини престојувала во хотел во кој биле сместени Ванда и Марадона. Таа вели дека двојката имала бучна ноќ.

„Ручав во еден хотел во Мар дел Плата и кога излегов на воздух ми пријде Ванда и ми праша дали може да ми биде гостинка во емисијата? Тогаш ѝ кажав дека од сексот кој го имала со Марадона не можев да заспијам цела вечер. Се наоѓав во претседателскиот апартман покрај нив. Не можев да заспијам од галамата. Како да го поместуваа мебелот“, изјавила Легранд.

Ванда во 2006 година била видена како влегува во хотел во кој се наоѓал Марадона. Тогаш медиумите почнале да шпекулираат дека меѓу нив има нешто. Во еден момент камерата ја снимила Ванда, која на себе ја носела долната облека од Марадона.

Ванда од 2014 година е во брак со аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди и со него има две деца. Претходно пет години била во брак со неговиот најдобар пријател Макси Лопез.

Марадона не го сакал Икарди, затоа што му ја украл жената на неговиот најдобар пријател.

„Икарди за мене не постои. Може да биде капитен на универзумот, но по она што се случи, подраг ми е Макси. Го хранеше, го пушти дома и тогаш се случи ова. Не. Тие кои немаат моралза мене се мртви. Тој е предавник. Му глумеше пријател и на крај му ја украде жената. Во мое време Икарди би добил ќотек, како оние кои ги гледаа жените на соиграчите“, изјавил во едно интервју Марадона.

Ќе ви се допадне

Watch Jujutsu Kaisen (TV) (Dub) Episode 6 (https://animeplanet.cc/m/89Kb/ep-6) at AnimePlanet anime planet slime

Watch Attack on Titan Season 3 (Dub) Episode 6 at Crunchyroll watch crunchyroll free