(Видео) Поранешниот играч на Реал Мадрид, Дренте се проба како рапер

Поранешниот холандски репрезентативец Ројстон Дренте е само еден од оние фудбалери, кои во раните почетоци им се предвидувала голема кариера. Но, момчето кое воодушеви во холандскиот тим на Феенорд, потоа и на Европското првенство за млади, а во 2007 година во дресот на Реал Мадрид, решил да почне кариера на рапер.

Дренте правел сè за љубителите на фудбалот добро го запаметат, но сега првата асоцијација на неговото име му е – талент без успех.

Пред две години Дренте за кратко одлучил да се повлече од фудбалот и да почне кариера на рапер.

„Лудо се забавував кога тајно одев во некои клубови. Тоа не се случуваше секоја вечер, но беше често. А, кога си играч на Реал Мадид, вратите ти се постојано отворени. Се разбира, имате премногу убави девојки кои веднаш ќе се најдеа околу мене. Кога си млад, како што бев јас, едноставно паѓаш во искушенија“, вели Дренте.

„Среќен сум што некои млади девојки се согласија да дојдат со мене во хотелот. Една вечер се случи лудо да се забавуваме цела ноќ, но проблемите настанаа кога ми побараа неколку илјади евра. Не сакав да им платам, а на крајот им дадов чипови за во казино“, вели Дренте.

Работите за фудбалерот повторно се промениле. Дренте ја продолжува фудбалската каериера. Сега потпишал договор за холандскиот тим „Козакен бојс“, кој трансферот го потврдија на својот официјален сајт на социјалните мрежи. Дренте по едногодишниот престој во Спарта од Ротердам премина во клуб наречен по руските Козаци.

Навивачите на Дренте добро ги паметат времињата додека настапувал за репрезентацијата на Холандија, кога во 2007 година доминирал на Европското првенство за млади, каде бил прогласен за најдобра играч.

Добрите игри на ЕП беа одлична препорака за „кралскиот клуб“ Реал Мадрид. Во финалето со Србија, Дренте беше еден од најдобрите и најзаслужни за освоеното злато на „стариот континет“.

Scroll to Top