(Видео) Прстен со над 12.000 дијаманти влезе во Гинисовата книга на рекордите

Компанијата за накит Renami Jewel од Индија влезе во Гинисовата книга на рекордите откога го направи прстенот со најмногу дијаманти во светот. Прстенот во форма на цвет има 12.638 дијаманти, тежи 165 грама и е уникатен. Се вика „Кадифа“, а уште се нарекува и „Прстен на просперитетот“.

Според основачот на компанијата, Харшит Бансал, тој добил идеја да го собори Гинисовиот рекорд пред две години додека го учел занаетот со скапоцени камења во Сурат, на западот од Индија.

Претходниот дијаматски прстен што го држел Гинисовиот рекорд имал 7.800 скапоцени камења.

Scroll to Top