(Видео) Путин го оствари сонот на слепо девојче да ѝ даде интервју

Рускиот претседател Владимир Путин ѝ го оствари сонот на слепото девојче Реџина Парпиева, да и дозволи да му направи интервју. Путин кратко одговарал на прашањата на Реџина и споделил какви желби има за Нова година и каде ќе го мине најубавиот ден во годината.

„Мојата желба е едноставна. Да им се исполнат желбите на сите во светот“, изјавил Путин.

Девојчето Реџина била една од волонтерите во рамки на пректот „Сонувај со мене“. Овој проект имал за цел да им ги исполни желбите на тешко болните деца во Русија. Реџина била една од среќните деца учесници во форумот, на која ѝ бил извлечен ковертот од купчето пликоа со желби на болните деца.
Нејзината желба била да стане новинар ѝ да направи интервју со некои интересен соговорник како рускиот претседател Владимир Путин. Путин одлучил на своето годишно обраќање на новинарите, да ѝ ја исполни желбата.
Scroll to Top