(Видео) Шилегов ги запали сијаличките на новогодишната елка во Скопје

Градоначалникот Петре Шилегов, вчера ги запали светилките на новогодишната елка на плоштадот Македонија во Скопје. Овојпат без голема свеченост и музика како минатите години заради коронавирусот. Тој ги прогласи новогодишните празнувања симболично за започнати, но ги повика граѓаните да не забораваат на мерките за заштита.

„Среќен сум што плоштадот и оваа година ќе означува нови почетоци и желби за еден понормален и поздрав живот, каков што имавме пред да нè зафати светската пандемија. Апелирам до граѓаните присутни на плоштадот да уживаат во атмосферата, но да се придржуваат кон протоколите и да мислат на своето и на здравјето на најблиските“, рече Шилегов.

Scroll to Top