(Видео) Со ритуал на Инките, Перу, по осум месеци, го отвори Мачу Пикчу

Вчера, по осум месеци, конечно, се отвори Мачу Пикчу, древниот град на Андите. Отворањето беше со стар ритуал на Инките за перуанските власти да им се заблагодарат на боговите за можноста повторно да примаат туристи.

Поради пандемијата, која и понатаму трае, дневниот број на туристи ќе биде ограничен на 675, што е само 30 % од досегашниот капацитет.

Археолозите веруваат дека Мачу Пикчу бил изграден во 15 век, а бил напуштен еден век подоцна по доаѓањето на шпанските колонизатори. Откриен е во 1911 година од американски истражувач, а денес е главната туристичка атракција на Перу врз која се потпираат десетици илјади луѓе од планинскиот регион Куско.

Видеото од отворањето на Мачу Пикчу видете го ТУКА.

 

Scroll to Top