(Видео) Стопан го напушти своето куче за Божик

By

Daily Mail објави видеоснимка од безбедносни камери покрај автопат во Англија на која се гледа како непознато лице го напушта своето двегодишно куче од расата стафордшир бул териер.

На снимката се гледа како стопанот го намамува кучето со помош на неговото лежиште подалеку од автомобилот, а подоцна брзо влегува внатре и се обидува да го напушти местото на настанот. Во возилото покрај него на совозачкото место може да се забележи уште едно лице, кое цело време ја набљудува ситуацијата.

Срцекршачката видеоснимка продолжува откако кучето се обидува да влезе во возилото. Тоа скока по страните на автомобилот и преку стаклата се обидува да одврати стопанот од неговата намера.

За среќа, по еден час откако возилото заминало, луѓе коишто го забележале кучето го зеле со себе и го однеле до локалниот ветеринар. Од таму ги повикале надлежните од RSPCA, најголемата организација во Британија одговорна за животните, кои сега водат грижа за напуштеното куче.

Инспектор од службата RSPCA, Натали Переховски, побарала од јавноста каква било информација во врска со овој случај. Натали побарала од секој кој би можел да го препознае кучето или човекот којшто го напушта да контактира со неа или со нејзините колеги.

„Снимката мора да ја видите за да верувате во неа. Да се гледа како овој човек го остава кутрото куче, кое подоцна скока по автомобилот и го моли да се врати додека тој си заминува, е тажно. Не можам да разберам како некој можел да направи вакво нешто“, изјавила Натали.

Ветеринарите го скенирале микрочипот на кучето и откриле двајца претходни сопственици во Бирмингем. Но, не веруваат дека тие се моменталните сопственици и поради тоа не се одговорни за напуштањето на кучето.

Ветеринарите на кучето му го дале надимакот Снуп и велат дека тој е во добра состојба. Велат дека станува збор за бело куче со црна ознака и дека е вистински пријател. За Снуп во моментов се грижат лица кои работат во приватен дом за бездомни миленици. Таму ќе остане додека не заврши истрагата.

„Секој кој има  каква било информација може да ме контактира или да остави порака на нашата линија за жалби на 0300 123 8018. Неверојатно е како некој може да се осмели да напушти куче за време на Божик, но многу  сме им благодарни на љубезните луѓе кои го најдоа Снуп и го донесоа на безбедно“, вели Натали.

Врз база на податоците добиени од претходните три зими, од RSPCA очекуваат годинава да згрижат повеќе од 10 000 животни. Минатата година 24-часовната линија отворена за љубов и благосостојба на животните добила 55 821 повици пред Божик.

Оваа година од RSPCA веруваат дека љубезноста на граѓаните за време на Божик ќе порасне, исто како и собирањето  финансиски средства за животните. Оттаму се надеваат дека ќе соберат доволно средства за да ги покријат трошоците за сите животни.

Донацијата од 12 фунти би можела да помогне многу во обезбедување удобност за животното, топло ќебе, вкусна облека ил играчка, велат од RSPCA.

<

Ќе ви се допадне

KissAnime kissanime black clover: Jujutsu Kaisen (TV) (https://kissanimeonline.com/m/2nKj) Episode 24

AniWatch anime: Your Lie in April (https://aniwatch.pro/m/3yq) Episode 22