Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави снимка од Афроамериканец кој тепа белец во продавница, пренесуваат светските медиуми.
„Погледнете го ова. Каде се демонстрантите? Дали е човеков уапсен?“, напишал Трамп на „Твитер“.
Нападот се случил на 15 мај, по што снимката била објавена и споделувана на социјалните мрежи, а денес ја сподели и Трамп. Тој ја ретвитна објавата на Мет Волш, колумнист на американскиот десничарски портал „Дејли вајр“.
Трамп го објавил видеото како реакција на големиот број снимки кои се шират низ социјалните мрежи од секојдневниот живот на Американците кои се соочуваат со дискриминација поради бојата на нивната кожа.
This guy brutally assaulted a Macy’s employee because of his race and then slandered him by claiming he said the n-word, which was a lie. This is a horrific hate crime and if the races were reversed it would be the only thing we talk about for days.
— Matt Walsh (@MattWalshBlog) June 22, 2020