(Видео) Волксваген ѝ ја реставрираше „бубата“ на Катлин што ја вози 52 години

„Бубата“, која Кетлин Брукс ја купила на 12 декември 1966 година, ја нарекла Ени и ја вози 52 години.
Кога „Волксваген“ слушнал за неа одлучил целосно да ја реставрира Ени.
„Со мене беше низ мојот брак и развод. Во купувањето на куќата, почетокот на мојата работа, промената на неколку работни места, борбата со ракот на дојката. Секаде беше со мене и помина над 720 000 километри“, вели Кетлин.


Низ шега сопственичката на автомобилот вели дека Ени е иста како неа.
„Бавна е на угорнина и подобро работи кога е студено времето“, вели сопственичката.


Кога „Волксваген“ дознал за нивниот однос, одлучил да ја награди за верност, а организиран е тим од 60 лица од фабриката во Мексико (каде последната, вистинска „буба“ со воздушно ладење е направена во 2003 година), да извршат реставрација на Ени.

Тимот ја спровел неверојатната трансформација со цел Кетлин да може да го користи автомобилот додека сака.
Направени биле голем број унапредувања кои ќе ѝ го олеснат возењето. Вградени биле диск-сопирачки на сите четири тркала, моторот бил преработен и зголема е моќноста на 1 600 кубика, ауспухот е од нерѓосувачки челик, има електронско палење, но и многу други работи.

Scroll to Top