(Видео) Забава за цело семејство, стотици дедомразовци трчаа низ Скопје

Неколку стотици жени и мажи и деца облечени како дедомразовци денеска трчаа на традиционалната Дедомразовска трка што пред Нова година се одржува во Скопје. Трката е со натпреварувачки, ама и забавен карактер, пренесе „Макфакс“, а организаторите им доделија награди на најуспепшните.

Должината на патеката е 2 километрa, а ја истрчаа и деца во придружба на своите родители. Трката почна на плоштадот Македонија, се трчаше кон Порта Македонија, преку Паркот на жената борец, „Холидеј ин“, откај мостот кај МНР, па покрај кејот на Вардар кон Камениот мост и незад до плоштадот. Пред трката натпреварувачите, но и минувачите ги забавуваше диџеј, па многу од нив играа на плоштадот облечени во своите дедомразовски костуми.

Трката и овојпат ја организира здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“.

Scroll to Top