(Видео) Замрзната ерупција на леден вулкан

Среде степата во Казахстан се формирал огромен вулкан од мраз.
Во таа област, зеленилото цвета во текот на летото, додека со доаѓањето на зимата и силните мразови се појавува ова чудо на природата.

Ефектот од ерупцијата се постигнува поради арктичката вода под земјата кога температурите се под нулата. Висината на оваа природна појава може да достигне 14 метри.
И’ покрај фактот дека ова обележје се наоѓа доста далеку од главниот град на Казахстан, поточно на четиричасовно возење, таму секогаш има многу луѓе.

 

 

„Петстотини километри до таму и назад, а јас останав само 20 минути. Но, вредеше. Се работи за неземна убавина”, напишала девојка што го посетила местото..

„Сите брзаат да се фотографираат со ‘ледениот вулкан“ додека мразот не почне да се топи. Туристичките агенции дури организираат специјални патувања до него“ додала таа.

 

Scroll to Top