Роберт, синот на покојниот ловец на крокодили, Стив Ирвин, снимаше емисија за диви животни кога го касна змија на лицето. Тој раскажува како спасиле питон и сцената ја снимале во моментот кога питонот го враќале во дивина. Додека Роберт си игра со змијата, таа го гризна на лицето.
Синот на Ирвин го објави видеото на „Инстаграм“ заедно со слика на која покажа дека и татко му пред многу години бил каснат од змија на лицето.
„Откако го спасивме, овој дијамантски питон нè потсети на слична ситуација што пред неколку децении се случи во една документарна серија на ловецот на крокодили. Можеби тие, всушност, на овој начин велат ‘благодарам’“, напиша Роберт.