Викенд хороскоп за 4 и 5 декември: Нова љубов за вагата, бикот сака промени

ОВЕН
Лесно е да ги препознаете лошите луѓе во цртаните и филмовите, секогаш носат различна облека од обичните луѓе, но во реалниот живот тоа не е така. Внимавајте, можете лесно да бидете измамени од некоја личност која однадвор изгледа пријатно и добронамерно.

БИК
Свесни сте дека некои нешта не зависат од вас и сепак упорно се обидувате да ги промените. Треба да умеете да прифатите дека некои нешта не можете да ги промените и колку да се трудите. Колку побрзо ги прифатите толку полесно ќе продолжите понатаму.

БЛИЗНАЦИ
Подготвени сте да преминете преку сè само за да ја остварите вашата желба, а тоа вклучува и правење на големи жртви. Но внимавајте, можеби сега сте подоготвени да ги направите но подоцна резултатите нема да ви се допаднат. Овој викенд е потребно да се потпрете на вашата мудрост.

РАК
Голем дел од своето време го поминувате во пресметување, калкулирање и планирање како да го извлечете максимумот од секоја ситуација. Но живеењето „според книга“ не е секогаш најдобра идеа. Бидете поспонтани и оставете нештата да течат по свој тек.

ЛАВ
Им се препуштате на задоволствата и сакате да си ги исполнувате сите свои каприци, но не сфаќате дека всушност полека се вовлекувате во некои неволји. Подготвени сте да сторите се само за да им удоволувате на саканите. Вистината е дека треба да имате повеќе контрола врз себеси.

ДЕВИЦА
Во овие предизвикувачки времиња секој ден ви е исполнет со можности. Секогаш можете да станете од кревет и да направите нешто комплетно поинакво. Потребен е само еден чекор за да имате сосема поинакво секојдневие.

ВАГА
Овој викенд Венера ви носи подобрување во љубовниот живот, ќе сфатите дека чуда вистински се случуваат. Конечно ќе истапите од сенката и ќе бидете самоуверени да го земете она кое ви припаѓа. Вашите таленти ќе бидат признаени. Ве очекува некоја комплексна ситуација во која треба да играте мудро.

СКОРПИЈА
Вашата агенда не ви дозволува да направите ништо надвор од планираното. Сметате дека вашето сопствено време не е ваше. Се бунтувате и сакате да истапите од рутината. Ќе морате да донесете некоја силна одлука.

СТРЕЛЕЦ
Потребно е да бидете љубезни спрема себеси. Немојте да ги форсирате нештата кои очигледно не треба да се случат токму сега, за сè постои вистинско време. Ќе пронајдете среќа тогаш кога ќе научите да бидете љубезни спрема другите.

ЈАРЕЦ
Некои рани треба да бидат оставете да зацелат, колку повеќе ги допират толку потешко ќе биде заздравувањето. Ќе се соочите со ситуација која ве нервира и ќе барате решение. Ќе морате да ја промените вашата перспектива, а тоа ќе ви помогне да дојдете до вистинско решение.

ВОДОЛИЈА
Не заборавајте дека некои од најпрекрасните и најубави нешта се создаваат со помош на притисок, како дијамантите. Тие треба да поминат низ температура од 2000 степени за да бидат она што се. Извлечете поука од тоа. Можеби сега се наоѓате во искушение, но резултатите ќе бидат задоволувачки.

РИБИ
Можеби во овој момент посакувате да имате некоја личност во вашиот живот, но она што не го гледате всушност е тоа дека таа личност не е вистински добра за вас. Немојте да се бунтувате и да одите со главата во ѕид. Потребно е да ги преиспитате вашите вредности. Понекогаш не е вредно да се даде уште една шанса.

Scroll to Top